Политика за приватност

Ние сме  посветени на заштитата на вашите лични податоци. Ќе ги користиме Вашите лични податоци во согласност со целта за која ни ги доверувате. ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ Велес собира, обработува и користи лични податоци само со ваша дозвола и во согласност со законските прописи.

Со користење на веб-продавницата на bionel.mk во сопственост на ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ во исто време, ја прифаќате нашата Изјава за заштита на личните податоци.

Лични податоци

Според Законот за заштита на податоци (“Службен весник на РСМ“ бр.294/21), личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци). Физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, социјален идентитет на лицето.

Собирање на податоци

ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ собира само лични податоци кои сте ги напишале самоволно, во достапните веб формуларите, со пополнување на полињата за правење нарачка или преку контакт со вработените во ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ.

ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ не ги продава или споделува вашите податоци, освен кога податоците се користат за испорака на пакетите.

Обработка на податоци

Според Законот за заштита на податоци (“Службен весник на РСМ“ бр.294/21), обработката на податоците  е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, чување, употреба.

Цел и увид

ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ ги собира вашите лични податоци со цел да стапи во контакт со вас и да ја испрати Вашата нарачка.

Колачиња (Cookies)

Веб-продавницата на ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ користи веб-колачиња. Тоа се мали делови од кодот што вашиот прелистувач автоматски ги извршува и се неопходни за соодветно прикажување на содржината на сите уреди, а без нив не би било возможно користењето на веб-продавницата со сите достапни функционалности. Информациите собрани на овој начин не содржат лични податоци и служат за подобрување на функционирањето на веб-продавницата и подобрување на вашето корисничко искуство.

Бришењето колачиња е можно преку поставките на вашиот прелистувач.

Правна основа за обработка на лични податоци

Правна основа за собирање лични податоци може да биде:

  • согласност дадена од посетителите на веб-продавницата  bionel.mk со што дозволуваат собирање за јасно посочена цел
  • договорни обврски кон клиентите
  • потреба од одговори на маркетинг прашања
  • Законска обврска.

Правната основа е во согласност со одредбите на Законот за заштита на податоци (“Службен весник на РСМ“ бр.294/21).

Согласност

Со преземање на свесно дејствие со кое сте дале позитивен одговор на прашањето на ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ за дозвола за собирање на вашите лични податоци при посета на веб-продавницата на bionel.mk, сте дале согласност за обработка на вашите лични податоци за претходно наведената цел.
ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ вашата согласност ќе ја користи во согласност со  одредбите од Законот за заштита на податоци (“Службен весник на РСМ“ бр.294/21).

Може да ја повлечете вашата согласност на следниов начин:

  •  со испраќање е-пошта со опис на барањето на info@bionel.mk

Изјава за пренос на податоци

ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ, во одредени ситуации може да ги проследува вашите лични податоци на трети лица, но исклучиво за работата поврзана со сопствените активности и во согласност со добиената согласност од вас. ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ бара од третата страна да се согласи да ги обработува добиените податоци исклучиво врз основа на нашите упатства и потреби кои се во согласност со вашата согласност.

Политика на чување на податоците

ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ ќе ги обработува личните податоци за време на траењето на секој договор и официјален деловен однос и ќе продолжи да ги чува личните податоци само до рокот на застареноста што се применува според важечките законски прописи во Република Северна Македонија.
ЕКВИОНОКС МС ДООЕЛ ќе ги избрише личните податоци на лицето кое ќе ја повлече својата согласност, освен ако во меѓувреме не се појави валидна правна причина за задржување на податоците.
ЕКВИНОКС МС ДООЕЛ без одлагање ќе ги избрише сите ваши лични податоци кои не се неопходни за остварување на легитимен интерес и кога тој интерес ќе престане.